Search

Комеморативен марш за жртвите од геноцидот во Сребреница

Бошњачкиот национален совет (БНС) денеска во Скопје ќе  го организира традиционалниот комеморативен „Марш за Сребреница“, во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница од 1995 година.

Маршот ќе почне во 18 часот од Веро паркот во Чаир, ќе продолжи по булеварот „Џон Кенеди“, Старата чаршија, плоштадот „Филип Втори“ и ќе заврши на плоштадот „Македонија“ во 19 часот. 

-Од 19 до 19.30 часот ќе има комеморативна програма по повод сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница, информира БНС.

Исто така, Општина Чаир и бошњачката заедница денеска во 10:30 часот ќе oддадат почит на жртвите, на настан кај споменикот  посветен на жртвите од геноцидот во Сребреница кој се наоѓа во паркот Чаир. 

Треба да знаете
Последни објави