Search

Шпанија прв финалист на Евро 2024

Репрезентацијата на Шпанија во Минхен ја победи Франција со 2:1 и стана прв финалист на Евро 2024.

Французите го отворија резултатот во 9. минута, преку Рандал Коло-Муани. Овој гол беше првиот и единствен гол за францускиот тим од игра на Европското првенство во Германија.

Шпанија изедначи со голот на Ламин Јамал во 21. минута. 16-годишниот Шпанец стана најмладиот голгетер во историјата на ЕП и на Светските првенства. 

Стрелец на победничкиот гол беше Дани Олмо во 25. минута.

Во финалето, избраниците на Луис де ла Фуенте ќе играат со победникот од мечот Холандија – Англија, кој ќе се игра денес во Дортмунд.

Финалето на ЕП 2024 ќе се одржи на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. 

Треба да знаете
Последни објави