Search

Убиени три жени во Англија, британската полиција трага по 26-годишен маж

Во тек е интензивна потрага по Кајл Клифорд (26), кој е осомничен дека е поврзан со смртта на три жени во Хартфордшир. Властите предупредуваат дека можеби е вооружен со самострел.

Телата на три жени, за кои се претпоставува дека се во роднинска врска, биле пронајдени синоќа во куќа околу 19 часот со тешки повреди, а набргу по пристигнувањето на полицијата починале. Полицијата соопшти дека истражува „тројно убиство“ и дека активно се трага по Клифорд.

Надлежните апелираа граѓаните да не му приоѓаат на осомничениот доколку го видат, туку веднаш да повикаат полиција.

Се верува дека младиот човек е во областа Хартфордшир или во северен Лондон.

Поради природата на инцидентот, ги повикуваме сите кои знаат каде се наоѓа веднаш да повикаат полиција. Доколку го видите овој човек, ве молиме не му приоѓајте, туку веднаш јавете ни се. Можно е да е вооружен“, соопшти полицијата.

Засега не се знае кои се починатите жени и како биле убиени.

Треба да знаете
Последни објави