Search

Сопругата и ќерките на познат новинар на Би-Би-Си убиени во напад во Лондон: Потрагата по напаѓачот се уште трае

Британската полиција се уште трага по Кајл Клифорд (26), кој е поврзан со смртта на три жени во Хартфордшир во близина на Лондон. Властите претходно предупредија дека Клифорд можеби бил вооружен со самострел. Трите убиени жени се сопругата и ќерките на познат водител на Би-Би-Си.

Имено, синоќа околу 19 часот во куќа биле пронајдени телата на три жени за кои се верува дека се во роднинска врска со тешки повреди, а тие починале набргу по пристигнувањето на полицијата. Денеска беше потврдено дека жртвите се на возраст од 25, 28 и 61 година, но не се откриваат нивните имиња, ниту пак начинот на кој се убиени.

Соседите велат дека синоќа слушнале страшни крици од куќата во која биле пронајдени жените, а не долго потоа целата населба била блокирана од полицијата. Оттогаш, во тек е немилосрдна потрага по човекот, кој е идентификуван како Клифорд и се верува дека е вооружен.

Полицијата верува дека тој е во регионот Хартфордшир, што значи дека можеби успеал да стигне до северен Лондон.

Според британските медиуми, едно училиште во Енфилд е привремено заклучено, додека учениците се во училниците и не смеат да излезат надвор. Сепак, нема дефинитивна потврда дека Клифорд всушност бил виден во оваа област.

Треба да знаете
Последни објави