Search

Скопјенец среде ноќ со нож ограбил бензинска пумпа во Чаир

Полициски службеници од Полициската станица Чаир денеска во 5.20 часот на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје, поради тоа што околу 3.00 часот на бензинска пумпа, со закана со остар предмет кон вработениот, одзел пари и мобилен телефон.

Со него бил извршен службен разговор и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, СВР Скопје – ЕВР Чаир ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.

Треба да знаете
Последни објави