Search

Обилните дождови предизвикуваат поплави и лизгање на земјиштето во Јужна Кореја

Националната железничка компанија на Јужна Кореја денеска ги прекина возовите на некои редовни линии и ги одложи брзите возови поради обилните дождови во централниот дел на земјата кои паѓаат од неделата и предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, јавија британските медиуми.

Во градот Гунсан рано утринава за само еден час наврнале речиси 100 мм дожд, а повеќе од 200 мм дожд паднале во еден ден на повеќе места во централниот дел на земјата, соопшти метеоролошката служба.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека едно лице загинало откако врз него паднал ѕид. Нанесени се големи штети на згради, патишта и друга инфраструктура.

Националната железничка компанија Кораил соопшти дека го запрела движењето на возовите на шест регионални линии. Во некои области брзите возови сообраќаат побавно.

Во Јужна Кореја, јули е вообичаено време на монсуните, но во последниве години во летните месеци се забележани екстремни временски настани, кои претседателот Јун Сук-Јол вели дека треба да се очекуваат поради климатските промени.

Треба да знаете
Последни објави