Search

Ѓоковиќ обвини дел од публиката за недостаток на почит по победата над Холгер Руне на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека публиката на централниот терен на „Вимблдон“ му покажала непочитување при победата над Данецот Холгер Руне, пренесоа светските агенции.

За пласман во четвртфиналето, освојувачот на 24 Гренд слем титули го надмина противникот со 6:3, 6:4, 6:2.

-До сите навивачи кои покажаа почит и останаа до крајот на натпреварот, ви благодарам од се срце, го ценам тоа. На другите кои избраа да покажат непочитување, тоа сум јас, имајте добра ноќ, многу добра но“, изјави огорчениот Србин по успехот во интервју на теренот и додаде:

-Не можам да го прифатам тоа. Знам дека го поддржуваа Руне, но тоа беше изговор да бидам исвиркан. Видете, јас сум на теренот повеќе од 20 години. Верувај те ми, знам како функционира. Но, јас се фокусирам на луѓе, кои го платија билетот и го сакаат тенисот, додаде Србинот.

Треба да знаете
Последни објави