Search

Пукотница во Грција: Во возило на Албанец испукале 8 пати, зад нападот е нарко мафијата

Албанец (22) е повреден во престрелка што се случила рано утринава во Перистери, Грција, кога непознати напаѓачи испукале најмалку осум куршуми во неговиот автомобил.

Според медиумите, ранетиот Албанец ѝ е веќе познат на полицијата и е под истрага поради сомнение дека е дел од криминален клан.

Тој бил уапсен во 2021 година за шверц на дрога. Во таа прилика кај него и неговите пријатели биле пронајдени повеќе од 2 килограми кокаин и 5,4 килограми марихуана.

Следната година бил уапсен бидејќи пукал во автомобилот на маж со кого се скарал.

Во утринската пресметка, младиот Албанец се здобил со прострелна рана во бутот и итно бил пренесен во болница, но не е во животна опасност.

На местото на кривичното дело полицијата пронашла шест чаури и два куршуми кои се подигнати на вештачење.

Според локалните медиуми, пукањето се случило околу 02:30 часот. Непознати напаѓачи пукале од „аудито“ во „смартот“ од кој штотуку излегол младиот Албанец.

Треба да знаете
Последни објави