Search

За два месеци во Грција регистрирани 2.166 пожари

Од 1 мај, заклучно со 7 јули годинава во Грција биле регистрирани 2.166 пожари, изречени 256 казни и уапсени 123 лица, соопшти преку платформата Икс министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Од вкупниот број пожари, 1.870 веднаш биле локализирани, додека пак од уапсените 123 лица, 87 биле поради предизвикување пожар од невнимание, а останатите 36 за пожари со умисла.

-Ова се бројките … Но, зад бројките стојат илјадници луѓе, пожарникари, чувари на шуми, пилоти, оперативен персонал, обучени доброволци, војници, полицајци. За сите нас, тие секојдневно водат битки штитејќи ги животите и имотите. Сите ние во пракса ги поддржуваме избегнувајќи опасна работа, чистејќи ги нашите плацови, покажувајќи дека се грижиме за нашето место, за нашите шуми и за нашите сограѓани, напиша Кикиљас истакнувајќи ја важноста на заедничките напори. 

Треба да знаете
Последни објави