Search

Тешко повреден работник на „Коридорот 8“

Лице од гостиварски Стар Балин Дол здобило тешки телесни повреден додека извршувало градежни работи на новиот магистрален пат Гостивар – Кичево од „Коридор 8“.

Како што информира МВР, се работи за Р.Н.(29), а случајот во полицијата е пријавен вчера, во 13.05 часот, од Медицинскиот центар – Гостивар каде бил донесен повредениот.

Во врска со настанот, од слобода бил лишен А.М.(31) од Република Турција со привремен престој во Гостивар.

Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото и за настанот бил запознаен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави