Search

Клубот на Даку најави казна по навредите кон Македонците на Европското првенство

Репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку ќе биде казнет од неговиот клуб Рубин поради навредите за Србија и Македонија изречени по натпреварот против Хрватска (2:2) во второто коло на Европското првенство во Германија.

Соопштението на клубот го пренесуваме во целост:

„По натпреварот на ЕП 2024 за репрезентацијата на Албанија против Хрватска, напаѓачот Мирланд Даку упати навредливи извици. Нашиот клуб ја препознава одговорноста за ситуацијата. ФК „Рубин“ претставува мултинационален тим и секогаш се придржува до принципите на почит и еднаквост, категорично осудувајќи ги сите форми на дискриминација и навреди на национална, верска или расна основа. По враќањето во клубот, фудбалерот ќе биде подложен на дисциплински и финансиски санкции. Ќе се одржи и информативен разговор со сите играчи на клубот за да се избегнат слични инциденти во иднина“, велат од Рубин.

Даку, роден во Гњилане, инаку фудбалер на Рубин од Казан, додека го славеше нерешениот резултат со навивачите го зеде мегафонот и извика „Е..ш Македонци“.

Даку потоа се најде на удар на јавноста, побарана беше реакција и казна од УЕФА, па веројатно затоа јавно се огласи и се извини.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на оние кои не поддржаа и во добри и во лоши моменти. Само оние кои се на терен знаат какви емоции ве носат и какво е чувството кога играте за репрезентацијата со нашето мото „Албанија без границите“, напиша Даку на Инстаграм.

Без разлика на неговото извинување, се очекува УЕФА да реагира на срамното однесување на фудбалерот на натпреварот од ЕП.

Треба да знаете
Последни објави