Search

Загрижувачки раст на корисници на дрога во Албанија

Албанија нема официјални податоци за корисници на дрога, но експертите тврдат дека потрошувачката на наркотични супстанции достигнала застрашувачки размери, објави Топ чанел.

Се проценува дека има околу 70.000 корисници, но бројките се поголеми. Уште позагрижувачка е употребата на наркотични супстанции, класични форми на канабис, но и нови дроги од страна на тинејџери и ученици, момчиња и девојчиња.

– Мозокот на адолесцентите се развива а супстанциите предизвикуваат да немаат сеќавања, мисли надвор од реалноста, халуцинации. Причинетата штета не се лекува, истакна доктор Андија Мекси.

Тој додаде дека е зголемен бројот на 15-годишници и 17-годишници кои се јавуваат на психијатрија со симптоми на анксиозност или мисли надвор од реалноста.

Експертите ги советува родителите да внимаваат кога ќе забележат промени во однесувањето кај нивните деца.

– Тинејџерите и учениците се мета на продавачи на дрога, кои секогаш се наоѓаат во близина на училиштата, бидејќи од љубопитност на млада возраст тинејџерот подоцна се претвора во сигурен купувач, нагласи Мекси.

Поради загрижувачка појава на присуство на продавачи на дрога во близина на училиштата и кафулиња, албанската полиција воведе редовно присуство на полициски патроли кај овие објекти.

Треба да знаете
Последни објави