Search

Ако се зголеми цената на струјата, ќе следи тежок период со нов бран поскапувања, предупредуваат од ССМ

Синдикатите со предупредување ако порасне цената на струјата, ќе следи нов бран поскапување, a граѓаните ќе добијат уште еден удар по домашниот буџет. Според, информациите се бара домашната електрична енергија да поскапи за околу 5 отсто. Од ССМ јасно укажуваат дека ако тоа не се спречи ќе следи еден тежок период. Зголемувањето на цената на лебот ќе биде само почеток.

– ТОА ЗНАЧИ УШТЕ ЕДНО ОБЕЗВРЕДНУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА, НО И УШТЕ ЕДНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА КОШНИЦА. ПОСЛЕ ОВА ДОКОЛКУ СЕ СЛУЧИ ЦЕНИТЕ ОД СИТЕ АРТИКЛИ И СИТЕ ОНИЕ УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ КОИ ШТО НОРМАЛНО СЕ ПОВРЗАНИ СО СТРУЈАТА ЌЕ ДОЈДЕ ДО НИВНО ПОСКАПУВАЊЕ. ТАКА ШТО МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ НЕ ОЧЕКУВА ЕДЕН ТЕЖОК ПЕРИОД, НО ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ЌЕ СЕ НАЈДАТ ОДРЕДЕНИ РЕШЕНИЈА, ВЕЛИ ЉУПЧО РАДОВСКИ ОД ССМ

Од пред неколку дена видови на леб поскапеа за околу 10 отсто поради зголемување на цената на пченицата. Од мелничко- пекарската индустрија ветија дека кога ќе се стабилизира, цената на лебот ќе се врати по старо. Но, од ССМ велат дека ако поскапи струјата, компаниите ќе имаат нов изговор да не го сторат тоа.

-И ДА САКААТ СЕГА ДА ГИ ВРАТАТ ЦЕНИТЕ ЌЕ ИМААТ ИЗГОВОР ЕВЕ СЕГА СЕ ПОКАЧИ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА И НИЕ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ГИ НАМАЛИМЕ КАКО ШТО ВЕТИВМЕ ПРЕД ПОКАЧУВАЊЕТО. МНОГУ АРТИКЛИ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ЗА ДВА ТРИ ДЕНАРИ, ПА ПОТОА НИВНАТА ЦЕНА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 5 ДЕНАРИ , ДОДАВА РАДОВСКИ

Од ССМ најавија дека ќе ја следат состојбата. Ќе бараат и ревидирање на минималната плата.

Според, информациите до кој дојде Телма, понудата на ЕСМ е својата струја на ЕВН ХОУМ да му ја продава за 5 отсто поскапо- цената за мегават од сегашните 57 да се зголеми на 60 евра. Но какви ќе бидат сметките на граѓаните ќе се знае за неколку дена кога ќе се донесе и новата одлука за цената.

За сега ниту од Владата ниту од ЕСМ нема одговори зошто ова се случува во време кога цените на берзите се стабилизираа и во одредени денови тие се пониски од оние на домашните централни. Поради тоа сите очекуваа да има поевтинување.

Каква ќе биде цената за домаќинствата, најмногу зависи токму од понудата на државните електрани. Па од тука се поставува прашањето колку на ваквото постапување ќе може да влијае намалената профитна маржа од Универзалниот снабдувач.

Треба да знаете
Последни објави