Search

„Франкештајн дрога“ се шири низ Европа, луѓето умираат: 100 пати e посилна од хероинот

Како што пишуваат медиумите на европскиот пазар се појави нова синтетска дрога – нитазен, која уште ја нарекуваат и „Франкештајн дрога“ бидејќи е сто пати посилна од хероинот и е одговорна за наглото зголемување на смртните случаи.

Таа се повеќе продира на европскиот пазар на хероин и ги убива оние кои масовно ја земаат. Главно се наоѓа во лажни лекови. Се произведува во Кина и стигнува до Западна Европа преку Балтичкото Море, предупредува Европскиот центар за следење на дроги и зависности од дроги (EMCDDA).

Нитазен спаѓа во група на лекови против болки кои го вкочануваат централниот нервен систем. Најпознати се морфинот, метадонот, фентанилот и трамадолот.

Нитазен е одговорен за нагло зголемување на смртните случаи во Летонија и Естонија, а истото сега се случува и во Франција и Ирска, пишува Политико.

Во извештајот за дрогата за 2024 година, ЕМЦДДА пишува дека нитазенот е сто пати посилен од хероинот, но и од синтетичкиот опиоид фентанил.

„Нитазените понекогаш се продаваат како синтетички хероин и се откриени во фалсификувани лекови на нарко пазарот“, се вели во извештајот, додавајќи дека ненадејниот почеток на опиоидите може да резултира со повеќекратни труења за краток временски период. Шест од седумте нови синтетски дроги на пазарот беа нитазен.

Земјите на ЕУ треба да го прошират пристапот до лекување, да ги зајакнат програмите за размена на игли и да складираат резерви на анти-опиоидниот лек налоксон за да спречат предозирање, се вели во извештајот.

Треба да знаете
Последни објави