Search

Страшни сцени во Загреб: Маж без облека со секира кршел автомобили, полицијата му пронашла тело во куќата

Загрепската полиција денеска околу 14 часот и 25 минути во реонот на Суседград добила дојава дека маж без облека се движел по улица и со секира кршел автомобили, по што заминал дома.

Пристигнувајќи на неговата адреса на живеење, полициски службеници го пронашле таму, а потоа го однеле во службените простории, јавува Јутарњи лист.

„Во куќата каде што живее пронајдено е тело, најверојатно на постар член на семејството, за кого засега не може да се утврди причината за смртта со оглед на состојбата на телото поради изминување на време“, соопштија од полицијата. .

Истрагата на местото на настанот ја врши увидна екипа на полициската управа во Загреб.

Мажот е под полициски надзор и во тек е кривична истрага.

Треба да знаете
Последни објави