Search

Невреме ја погоди Битола – силниот ветер сруши дрвја

Попладнево во Битола имаше невреме проследено со дожд и ветер.

Како што може да се види и од фотографијата, силниот ветер, кој достигнувал брзина од 50 км на час, срушил и дрвја низ градот.

Инаку, во текот на денот во Битола беа измерени 29 степени, додека пак до крајот на денот се очекува променливо облачно, со наместа развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Треба да знаете
Последни објави