Search

МОН воведува тригодишни студии за медицински сестри на универзитетот во Струга

Лиценцата за отворање на Факултетот за здравствени науки, Мерко ја побарал уште во април веднаш по формирањето на техничката Влада и доаѓањето на Талат Џафери како технички премиер.

Во образложението на дозволата за формирање ваков факултет, Меѓународниот универзитет Струга ги исполнил условите за формирање Факултет за здравствени науки.

Од Министерството за обрзование и наука (МОН) велат дека не станува збор за медицински факлутет кој ќе образува лекари туку за факултет кој треба да даде нови медицински сестри и друг здравствен персонал.

„Поради потребата од повеќе здравствени работници во државата, Владата во изминатиот период поддржа повеќе иницијативи за основање на нови единици во состав на неколку високообразовни установи кои ќе реализираат студиски програми од соодветната област. Во состав на МИТ универзитетот во Скопје, на Меѓународниот Балкански Универзитет, како и на Европски универзитет веќе работат Факултети за дентална медицина. Дадени се согласности за почеток со работа на Факултети за здравствени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа, Меѓународниот Балкански Универзитет и Меѓународниот Универзитет Визион. Исто така од страна на Владата дадено е и позитивно мислење за основање на Факултет за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга, каде ќе има тригодишни студии за медицински сестри. Погрешна е информацијата дека ќе има студии за едукација на доктори. Решение за почеток со работа, како и акредитации на студиски програми издава Агенцијата за квалитет на високото образование“, велат од МОН.

Треба да знаете
Последни објави