Search

Бостон на чекор од триумф во НБА финалето

Бостон Селтикс го победи Далас Маверикс со 106:99 (30:31 20:20 35:19 21:29) во натпревар од финалето на НБА, а со успехот „Келтите“ сега водат со 3:0. Тоа значи дека Бостон речиси сигурно ќе ја освои титулата во НБА оваа сезона, бидејќи ниту еден тим во историјата на асоцијацијата не успеал да се опорави од негативата од 0:3 во плеј-офот.

Кајри Ирвинг од Далас беше најдобар стрелец на натпреварот со 35 поени. Предводникот на Маверикс – Лука Дончиќ, на својот тим му донесе 27 поени, додека најпродуктивен кај Бостон беше Џејсон Тејтум со 31 поен, а Џејлен Браун додаде 30 поени.

Дончиќ мечот ќе го памети и по исклучувањето на четири минути пред последниот судиски свиреж. Тогаш го направи шестиот фаул и беше принуден да си замине. Ова му се случува трет пат во кариерата.

Четвртиот натпревар од серијата, кој на Селтикси може да им донесе шампионска титула е на 15 јуни (сабота) во 2:30 часот по македонско време.

Треба да знаете
Последни објави