Search

Бендевска: Нема да бидам нов министер за правда

Пратеничката од редовите на ЗНАМ, партија која ќе биде дел од новото мнозинство во Владата, Весна Бендевска денеска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека нема да биде новиот министер за правда.

Бендевска вели дека таа не е правник, така што позицијата нема да ја води таа, туку човек кој ќе се посвети со цело свое искуство и капацитет.

„По трет пат остро ќе ја демантирам оваа вест, дека сум можен кандидат за министер за правда. Затоа што Движењето ЗНАМ навистина располага со ивонредно квалитетни кадри кои ќе можат да одговорат за функциите кои би ги добиле во евентуалното учество во Владата“, рече Бендевска.

Таа вели не може со сигурност да каже дека ќе има евентуално учество во Влада, додека не се донесе одлука пред партиските органи.

„Во петок се закажани нашите органи, со официјално соопштение ќе ја информираме јавноста за нашето идно евентуално учество“, додаде Бендевска.

Треба да знаете
Последни објави