Search

Французи ќе судат на отворањето на ЕУРО 2024

Клеман Турпан од Франција ја доби честа да го суди првиот натпревар на Европското првенство.

Европската фудбалска унија (УЕФА), во средата објави дека Турпан ќе го суди натпреварот меѓу домаќинот Германија и Шкотска.

На Турпан ќе му помагаат сонародниците Николас Дано и Бенџамин Паж, додека за четврти судија е назначен Франсоа Летисие.

Во ВАР собата ќе седат Џером Бризар, Вили Делахо и Масимилијано Ирати.

Натпреварот меѓу Германија, домаќинот на првенството и Шкотска ќе се одигра во петок од 21 часот во Михен.

ЕП е на програмата од 14 јуни до 14 јули.

Треба да знаете
Последни објави