Search

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите ветувајќи поништување на договорите со соседите, очекувам да го спроведат тоа

ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите ветувајќи поништување на договорите со соседите, очекувам да го спроведат тоа, изјави вечерва координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски за ТВ 24.

,,ВМРО-ДПМНЕ де факто го прифати Преспанскиот договор, а сега малку глумат со тоа што усмено не го користат името, ама писмено низ пишаните документи го користат. За мене е многу поважно, посуштински она што беше понудено пред изборите, а тоа е ревидирање на Прееспанскиот и Охридскиот договор, договорот за добрососедство со Бугарија и ревидирање на преговарачката рамка. Врз основа на ова тие ги добија изборите. Оттука очекувам тоа и да го спроведат” рече тој.

Според Спасовски, по изјавите на мандатарот очигледно е дека се прифаќа Преспанскиот договор, а за понатамошниот концепт ќе треба да почекаме мандатарот да го објави заедно со следните постапки.

,,Но, ако вие создадете документ во кој ќе се наведе што не се почитува од другата страна и ќе најдете решение како да се почитува, јас како пратеник тоа ќе го поддржам, тука немаме разидување” дополни Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави