Search

Составот на новата влада пред Собранието на 18 јуни

Мандатарот за нова влада и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска најави дека составот на неговата влада ќе биде доставен во Собранието во вторник, на 18 јуни.

Претходно в недела, ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен комитет ќе ги потврди имињата на новите министри и заменици министри во Владата.

Мицкоски кажа дека во новата влада ќе учествуваат ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, додека во опозиција ќе бидат коалицијата на СДСМ, коалицијата на ДУИ и партијата Левица.

„Јас не би зборувал во името на другите политички партии и во името на нашите коалициони партнери, тие тоа што имаат да го кажат, ќе си го кажат самите. Што се однесува за коалицијата „Твоја Македонија “ и ВМРО-ДПМНЕ, ние сме структура која има организациска поставеност, вертикална, функционира врз основа на статут и нормално, во согласност со законите и Уставот. Овој викенд, во недела ќе биде одржана седница на Извршниот и Централниот комитет, ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар, со нивната биографија. Очекувам ИК и ЦК да се произнесат, а ако произнесување е позитивно и успешно, да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната Влада, заедно со програмата на работа, на 18 јуни, во вторник, ќе бидат доставени до Собранието“, кажа Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави