Search

Совети за помалку стресно прво родителство

За оние кои претходно не биле родители, обично родителството е вистински предизвик. Сепак, како и со многу работи во животот, се учи и од грешките. Следат неколку такви грешки типични за новопечените родители околу воспитувањето на децата.

Несподелување одговорности

Бебињата се создаваат и израснуваат благодарение на двајца. Доколку ја има оваа можност, логично би било и двајцата родители да учествуваат во грижата за детето. Така и мајката и таткото ќе го добијат слободното време.

Не уживате во моментот?

Во напорот да се биде „совршен“ родител, често се заборава уживањето во мигот. Внимавајте да не го доживеете сознанието дека Вашето дете пораснало без „да знаете“ и да се сеќавате како тоа се случило.

Неоправдани стравови

Честопати новите родители, просто, постојано мислат на најлошото – што ако се случи тешко породување, компликации, непроспиени ноќи итн.? Иако внимателноста и умерената, разумна претпазливост се нормална, природна работа, опседнатоста со сѐ најлошо што би можело да се случи е сосема погрешно. Тоа е еден вид параноја.

Паника поради ситниците

Почетните фази на родителството обично се хаотични и обележани со паника. Меѓутоа, мора да се опуштите, бидејќи човечки е и да се погреши, и да се научи нешто ново, а паниката само ќе ја влоши секоја нова неочекувана случка.

Го игнорирате партнерот?

Кога станува збор за врската меѓу партнерите, родителството може да го земе својот данок. Многумина се толку опседнати со грижата за своето новороденче, така што забораваат на потребите на партнерот.

Не се грижите за себе?

Можеби една од најчестите грешки е игнорирањето на сопствените потреби – за време и по бременоста. Сосем е во ред да се биде и малку себичен.

Верувате во сѐ што советуваат другите луѓе

Сосема е јасно и очекувано дека се учи многу од луѓето кои се поискусни во животниот предизвик наречен прво родителство. Но, не му верувајте секому и во сѐ што ќе ви кажат. Секој случај е приказна сама за себе. 

Треба да знаете
Последни објави