Search

Димитриевски на „Местаља“ ќе го официјализира трансферот во Валенсија

Македонскиот репрезентативец Столе Димитиревски, претпладнево пристигна во Валенсија, каде треба да го официјализира трансферот во овој клуб.

Димитиревски по пет години, како слободен играч го напушти Рајо Ваљекано. Од „Ваљехас“ замина како голман со најмногу настапи за овој клуб.

Валенсија и Димитриевски, пред еден месец постигнаа конечен договор. Истиот ќе биде официјализиран кога голамнот ќе ги мине лекарските прегледи.

„Среќен сум што ќе го носам дресот на овој голем клуб. Импресиониран сум од стадионот и навивачите“, рече Димитриевски.

Трансферот на Димитриевски значи дека Вленсија ќе ја напушти Грузиецот Мамардашвили. Клубот се надева дека за грузискиот голман ќе добие оштета од околу 30 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави