На 04.06.2024 во 17.18 часот на Граничниот премин Пелинце, полициски службеници го привеле М.В.(55) од Република Србија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане за понатамошна постапка.