Првиот светски тениски рекет Србионот Новак Ѓоковиќ со очекувана максимална победа (3:0 во сетови) стартуваше на вториот сезонски грен-слем турнир Ролан Гарос. Српскиот тенисер во 1. коло во три сета го совлада домашниот натпреварувач Пјер-Хуге Хербер од Франција. Хербер е 142. место на АТП листата, денешниот меч му беше прв оваа сезона, но добро го измори Ѓоковиќ. Српскиот тенсер го доби првиот сет со 6:4, во вториот се играше тај-брејк кој му припадна на Ѓоковиќ со 7:3. Во третиот сет најдобриот тенисер на светот беше подобар со 6:4. Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра против Карбаљес Баена од Шпанија кој со 3:1 го совлада Французинот, Лестиен.