Управен суд ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачкото место 1194 во Крушево

Управниот суд ja одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1194  во Општина Крушево на Парламентарните избори 2024.

Претходно денеска во текот на расправата, застапникот на тужителот, Коалицијата „Европски фронт“, Ејуп Рустеми, посочи дека Решението на ДИК е нејасно. Сумираниот износ на искористени гласачки ливчиња е нејасно како ДИК дошле до збирот од 377 гласачи, без притоа да се земе предвид бројот од 359 потпишани гласачи во избирачкиот список.

-Бројот од 17 болни и изнемоштени не треба да се додава во дел IV од записникот, бидејќи тие се веќе вброени во статистичкиот податок и се добива дупла бројка. Според Изборниот законик погрешно пополнување на записник не е основ за поништување на гласањето, изјави Рустеми.

Претставникот на ДИК, Катерина Василевска нагласи дека остануваат во целост на наводите од решението и одговорот на тужбата и предлагаат таа да се одбие како неоснована.

– ДИК постапи во законскиот рок и донесе одлука. По увидот во целосниот изборен материјал ДИК утврди дека бројот на идентификувани гласачи не се совпаѓа со бројот на потпишани гласачи во избирачкиот список и не соодветствува со бројот на искористени гласачки ливчиња на гласачкото место, нагласи Василевска.

Треба да знаете
Последни објави