Поради обид за убиство на Бит Пазар двајца напаѓачи завршија во притвор

СВР Скопје до надлежното Обвинителство денеска поднело кривична пријава за обид за убиство против пет лица. Настанот се случил на 8 март, околу 19 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, кога петте лица, според пријавата, со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди. Во полициската акција по инцидентот биле прведени С.Е.(30), И.Е.(27), Х.Е.(48), Б.Е.(23), сите од Скопје, а денеска е приведен и Ј.Б.(20) од Скопје. Двајца од приведените (С.Е. и Х.Е.) им е определен 30-дневен притвор, а на И.Е. и Б.Е. им е одреден домашен притвор.

Треба да знаете
Последни објави