Симптомите кои укажуваат дека ви недостасува магнезиум и 5 природни начини за надополнување на овој важен минерал

Магнезиумот е важен за здравјето на забите, коските, срцето, бубрезите и мускулите, помага и за регулирање на други хранливи материи, како што се бакар, цинк и витамин Д. Присутен во скоро сите клетки, чувар на нервниот систем, магнезиумот игра важна улога во бројни функции на телото и учествува во повеќе од 300 ензимски реакции.

Човечкото тело во просек содржи околу 25 грама од овој минерал: 60 проценти од вкупната количина се складира во коските, околу 25 проценти се користат од мускулите (магнезиумот стимулира мускулна релаксација), а останатите 15 проценти се дистрибуираат до мозокот , срцето, црниот дроб и бубрезите.

Магнезиумот учествува во преносот на нервните импулси, во производството на протеини и во регулирањето на срцевиот ритам. Исто така, го регулира цревниот транзит и на тој начин спречува запек. Покрај тоа, тој е одличен природен лек против стрес бидејќи го поттикнува воспоставувањето нервна и психо-емоционална рамнотежа.

Симптомите кои укажуваат на недоволно внесување на магнезиум се:

* постојано чувство на замор

* напнатост

* нервоза

* стрес

* несоница

* грчеви

* понекогаш запек

5 природни начини за надополнување на магнезиум:

Банани

Можеби најлесниот начин да добиете магнезиум е да јадете банана. Една банана содржи 32 mg магнезиум.

Спанаќ и кељ

Спанаќот и кељот се богати со влакна, антиоксиданси, витамини и минерали како што е магнезиумот.

Овес

Една чаша овесна каша содржи 61 mg магнезиум. Ако на овој појадок додадете малку семки и коскесто овошје, тој број ќе го зголемите.

Семиња

Семките од тиква, оревите, бразилските ореви, бадемите и ф’стаците се добри извори на магнезиум, кој помага при анксиозност и депресија. Тие исто така го подобруваат расположението бидејќи содржат протеини, влакна, здрави масти и други хранливи материи.

Темно чоколадо

Чоколадото кое содржи повеќе од 80 проценти какао е богато со антиоксиданси. Содржи и многу магнезиум.

Треба да знаете
Последни објави