(Фото) Возачите од ЈСП се уште пред Град Скопје наместо пред воланите во автобусите

Во момнетов се уште трае протестот на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие.

Тие утрово во 9.00 часот го прекинаа работењето и дојдоа пред бараките на Град Скопје искажувајќи го својот револт од доцнењето на декемвриската плата.

Внатре пак, во просториите на Градот, Советот расправа и одлучува за исплата на субвенциите кон ЈСП.

Од одлуката и од исплатата зависи кога вработените во ЈСП ќе се вратат зад воланите и автобусите ќе почнат да сообраќаат низ градот.

Во меѓувреме, граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат да стигнат на работа, на училиште, лекар или да завшрат некој своја обврска.

Треба да знаете
Последни објави