Четири лица потешко повредени во сообраќајка на Пониква

Четири лица се здобиле со потешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што околу 1 часот по полноќ се случила на патниот правец од Кочани кон Пониква, во близина на месноста Аеродром. Патничко моторно возило со штипски регистарски ознаки излетало од коловозот во бездна длабока десетина метри. Во возилото се превезувале две момчиња и две девојки од Штип на кои веднаш им била укажана медицинска помош, а поради сериозноста на повредите се пренесени во Клиничката болница во Штип.

-Денеска (11.01.2024) во 00.57 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани- Пониква патничко моторно возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано Н.И.(19) од с.Карбинци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатниците И.М.(21) од с.Карбинци, М.К.(18) и А.Ј.(20), двете од Штип, констатирани во Општата болница Кочани“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од Полициската станица од Кочани. 

Треба да знаете
Последни објави