Загревањето на океаните придонесе за чудни временски прилики ширум светот

Во период на интензивна климатска криза, неверојатно високите температури на океаните измерени во 2023 година придонесоа за „чудно време“ ширум светот, откриваат новите научни податоци.

Океаните апсорбираат 90 отсто од топлината ослободена од емисиите на јаглерод од согорувањето на фосилните горива, што ги прави океаните најочигледен показател за глобалното затоплување, пишува Гардијан.

Во светските океани во 2023 година биле измерени рекордно високи температури, а податоците покажале дека во последната деценија океаните биле потопли секоја година од претходната година, тврдат научниците.

Зголемените температури, исто така, доведоа до рекордни нивоа на раслојување на температурата на водата во океаните, бидејќи топлата вода на површината сè помалку се меша со поладна вода на поголеми длабочини.

Овој феномен го намалува количеството на кислород во океаните и го загрозува морскиот живот, а исто така го намалува количеството на јаглерод диоксид и нивото на топлина што океаните и морињата можат да ја апсорбираат во иднина.

Веродостојните мерења на температурите на океаните започнаа во 1940-тите, но веројатно е дека океаните сега се најтопли во последните 1.000 години и се загреваат побрзо од било кога во последните 2.000 години.

Треба да знаете
Последни објави