Мрѓа: Уставна шлаканица за Скопска 2 и фамозната Скопска Апелација

„На новинарката Душица Мрѓа на 27 април 2017 во #Собранието и било повреденото правот на слободната миска и на слободата на изразување, #Државата не ја заштитила ниту пак и овозможила услови да си работи работата. Освен правата на новинарката, повредено е и правото на граѓаните да бидат информирани особено за настан од висок јавен интерес како #Насилствата во Собранието” – ова е само мал цитат од денешната расправа во #УставниотСуд за мојата иницијатива, објави на социјалните мрежи новинарката Душица Мрѓа.

Ова е она што речиси 7 и со букви, СЕДУМ години , и јас го зборувам .
Дека на #КрвавиотЧерврток #Држата не не’ остави на цедило само нас кои бевме цел на насилство со саати во #Собранието туку и сите #Граѓани

И додека поранешната судијка во #Граѓански и актуелен член на #СудскиотСовет (тој истиот што не постои релевантна институција што домашна , што странска, што не го заплеска за непрофесионалност , но и за незаконитост за одредени постаки) Антоанета Димовска, не еднаш, туку два пати донесе #Пресуда “Во името на граѓаните” дека моето право да си ја работам работата не било нарушено бидејќи во емисиите потоа сум зборувала за 27 април ?!

А Апелација откако еднаш ја укина оваа пресуда, потоа ја потврди
#УставнитеСудии го видоа тоа за кое нивните колеги се направија “наудрени”

Жалам што во #Уставен сеуште нема усогласен став, а има спротиставени аргументи и дилеми ,околу законската (не) можност за поништување на пресудите за кои се утврдило дека не соодејствуваат со фактичката состојба, како мојата на пример.

Повеќе пати во овие 7 години кажав Правда за Новинарите кои на крвавиотЧетврток ризикувајќи го својот живот ја спасија Државата мора да има, за Македонија да биде Држава.

Јас не простувам, не заборавам и ќе ја барам правдата до крај.

На потег е повторно Скопска2, очекувам овојпат да не се обрука.
Но ако решат судиите повторно да не ја видат Вистината, Стразбур е тука.

И на крајот, благодарам на поддршката, трпението , живците на моето семејство, Milan Kovachev , Stojanka Mrgja , Darek Bicki , нa живците на адвокатот Lazar Sandev , на Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ и на сите колеги кои овие 7 години заедно со мене ја бијат оваа #Битка секако мојата телевизија 24 сопственичкиот тим и менаџерските тимови овие борбени 7 години.

Треба да знаете
Последни објави