Џеф Безос за 13 минути заработува повеќе отколку што просечниот човек заработува во текот на целиот животот

Основачот на Амазон, Џеф Безос, за помалку од 13 минути заработува повеќе отколку што просечниот човек заработува во текот на животот, покажуваат податоците објавени од глобалниот бизнис магазин Форчун (Fortune).

Во 2023 година, богатството на Безос се зголемило од 107 на 177 милијарди долари, што одговара на зголемување на богатството за 191,78 милиони долари дневно или за околу 7,99 милиони долари на час, пренесува порталот Јаху фајнанс.

Според податоците од 2023 година, просечниот Американец заработува 1,7 милиони долари во текот на својот работен век, а Безос оваа сума ја заработува за приближно 0,21 час, односно за 12,76 минути.

Амазон е глобален гигант за е-трговија и спаѓа во групата на „Седум величенствени“ американски технолошки компании со најголема пазарна вредност.

Треба да знаете
Последни објави