Трофејниот тренер Ериксон обелодени дека му останува најмногу уште една година од живот!

Некогаш еден од најдобрите тренери во светот, трофејниот шведски фудбалски стратег Свен Горан Ериксон (75 г.), откри дека ја игра најтешката животна битка. Се бори со ракот. Легендарниот Ериксон во исповед за шведските медиуми открил дека му останува уште малку живот! – Сите можат да видат дека имам болест која не е добра, сите претпоставуваат дека е рак, а тоа е. Морам да се борам што подолго. Знам дека во најдобар случај имам околу една година, во најлош случај уште помалку. Мислам дека и докторите што ги имам не можат да бидат целосно сигурни – изјави Ериксон. Шведскиот тренер се труди да остане позитивен и во тешките моменти од животот. – Подобро е да не размислуваш за тоа. Ако се повлечеш и останеш дома ќе бидеш мизерен и ќе мислиш дека немаш среќа и слично. Лесно е да се заврши во таква позиција. Но, трба да се гледа позитивната страна на нештата и немојте да се оптеретувате со неуспеси, бидејќи ова е секако најголемиот неуспех од сите нив – изјави Ериксон. По својата играчка кариера, која ја мина во помалите шведски клубови како десен бек, Ериксон се префрли на тренерската работа и постигна импресивни резултати. По Дегерфорс и Гетеборг во родната земја, Свен-Горан Ериксон беше тренер на Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер сити, Лестер, Гвангжу, Шангај и Шенжен, селекциите на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и на крајот на Филипините, што му беше последен ангажамн во кариерата.

Треба да знаете
Последни објави