СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ НА СТУДОТ: Кон крајот на следната седмица големо затоплување и температури до 17 степени!

Сите се прашувате кога ќе помине овој сув студ без снег кој никој од нас не го посакува.

Според моменталните анализи со кој ние располагаме, веќе кон крајот на следната седмица очекуваме продор на топла воздушна маса од југ кон нашите краишта, како и големо затоплување на времето кое ќе услови натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината.

Според сегашните анализи, од следниот петок, како и за време на следниот викенд температурите во Македонија ќе се искачат до пролетни 17 степени.

До тогаш останува студено, а во понеделник и во вторник како што и претходно најавивме очекуваме нови локални врнежи од дожд и снег.

Славчо Поповски

Треба да знаете
Последни објави