СБ на ОН усвои резолуција против нападите изведени од Хутите во Црвеното Море; спроред Хутите гласањето е политичка игра

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која од јеменските Хути се бара да запрат со напади врз комерцијални и трговски бродови во Црвеното Море.

Реакција веднаш следеше од лидерот на Хутите кој оцени дека станува збор за „политичка игра“ и оти САД се тие кои го кршат меѓународното право.

Во синоќа усвоената Резолуцијата Советот за безбедност на ОН „најостро ги осудува нападите изведени од Хутите“, врз комерцијални бродови.

Станува збор за најмалку 20 напади, изведени од 19 ноември 2023 година досега.

Покрај тоа, Советот за безбедност на ООН „бара Хутите веднаш да запрат со ваквите напади кои ја попречуваат глобалната трговија, наштетуваат на правата и слободите за пловидба и ги загрозуваат регионалните мир и безбедност“.

„За“ Резолуцијата гласаа 11 земји, против не беше ниту една членка на Советот за безбедност, додека Русија, Кина, Алжир и Мозамбик беа воздржани.

Пред гласањето, Советот за безбедност на ООН отфрли три амандмани на Русија.

Лидерот на Хутите Мохамед Али Ал Хути оцени дека Резолуцијата на Советот за безбедност е „политичка игра“ и дека САД го кршат меѓународното право.

Ал Хути во објава на Икс рече дека она што го прават јеменските милитанти е во рамките на „легитимна одбрана“ и дека секоја акција со која ќе се соочат ќе има соодветен одговор.

„Го покануваме Советот за безбедност веднаш да ослободи 2,3 милиони луѓе од израелско-американската опсада во Газа“, рече водачот на Хутите.

Хути, проиранска организација која ја презеде контролата врз поголемиот дел од Јемен за време на Граѓанската војна, претходно најави дека ќе напаша бродови поврзани со Израел, со што ќе ги поддржат исламистите Хамас во Газа.

Треба да знаете
Последни објави