Кабинетот на Пендаровски за 24инфо: Претседателот е подготвен за комуникација со претседателката на Грција, а комуникацијата околу Договорот од Преспа треба да оди преку МНР

Претседателот Стево Пендаровски е подготвен да разговара со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, со цел да се изнајде начин за пролонгирање на рокот за важност и замена на личните документи и патните исправи, велат за 24инфо.мк од неговиот кабинет.

„Во рамки на севкупните напори на државата, претседателот Пендаровски е подготвен да даде свој придонес преку комуникација со претседателката на Хеленската Република“ истакнуваат оттаму.

Истовремено, од кабинетот на првиот човек на државата, потсетуваат дека тој дал свој предлог за пролонгирање на рокот за замена на документите.

„Претседателот Пендаровски даде предлог за пролонгирање на рокот за важност и замена на личните документи и патните исправи. Доколку Владата смета дека предлогот е добар може веднаш да започне иницијатива за негова реализација.

Преспанскиот договор е потпишан од министрите за надворешни работи, во име на владите на двете држави и размената на информации во таа смисла треба да се одвива во тие рамки. 

Со оглед дека Преспанскиот договор е важен и во контекст на нашите преговори со Европската Унија информирањето кон Брисел треба да се одвива и преку Секретаријатот за европски прашања.“ стои во писмениот одговор од кабинетот на Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави