Драма во авионот со кој требало да патуваат фудбалерите на Гамбија на Африканскиот куп

Набрзо по полетувањето на чартер-летот од Банџул, со кој репрезентација на Гамбија требало да отпатува на Африканскиот куп во Брегот на Слоновата Коска, фудбалерите почнале да се гушат и да чувствуваат главоболки. Неколкумина дури и се онесвестиле од недостаток на кислород во авионот. Како што пренесуваат локалните медиуми, набргу по нивното полетување, пилотот бил принуден да го врати авионот на пистата. На Фејсбук страницата се огласи и Фудбалскиот сојуз на Гамбија.
-Со жалење ве информираме дека чартер-летот што ги превезуваше „Скорпионите“ на Африканскиот куп на нации, се врати во Банџул поради технички проблеми. Летот траел девет минути кога екипажот сфатил што се случило и побарал да се врати во Банџул – стои во известувањето. Прелиминарните истраги покажала дека имало губење на притисокот и недостиг на кислород во авионот.
-Имаше инцидент за време на летот на Гамбија до AFCON. Неколку играчи се онесвестиле поради недостаток на кислород во авионот. Причината? Големината на авионот. Двајцата репрезентативци сѐ уште се во шок по ова трауматично искуство. Авионот се врати во Гамбија со целата делегација – се вели на Твитер профилот на CentreGoals. Гамбија на Африканскиот куп ќе игра во групата Ц со Сенегал, Камерун и Гвинеја.

Треба да знаете
Последни објави