Водачот на Хутите: Потенцијалниот американски напад нема да остане без одговор

Лидерот на Хутите Абдел Малек ал Хути денеска изјави дека јеменските милитанти ќе одговорат на секој можен напад на САД врз таа милитантна група.

Тој изјави дека одговорот ќе биде поголем од неодамнешниот напад кога Хутите гаѓаа американски брод во Црвеното Море со беспилотни летала и проектили.

„Секој американски напад нема да остане без одговор. Одговорот ќе биде поголем од нападот што беше извршен со 20 дронови и повеќе проектили“, рече Ел Хути.

Тој додаде дека милитантната група ќе продолжи да цели бродови поврзани со Израел.

Јеменските Хути, поддржани од Иран, ги засилија нападите врз трговските бродови во Црвеното Море во знак на протест против израелската офанзива во Газа.

Треба да знаете
Последни објави