Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада, но ќе се воздржи од гласање за неа

ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница на Извршниот комитет донесе одлука да учествува во техничката влада, но да се воздржи од гласање за неа, информираше вечерва Тимчо Муцунски, член на ИК. Причината за ваквата одлука е што никогаш во Македонија не било полошо, нагласи тој.

-Македонија се наоѓа во таква лоша ситуација што нема нерегуларност која што не е направена од страна на власта. Oдлуката за учество во техничката влада ќе значи и именување на партиски лица за функциите во таа влада кои ќе ја надгледуваат регуларноста на процесите во предизборниот период, рече Муцунски

Се очекува, кажа тој, на Централниот комитет на партијата да го овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада, а нивните имиња ќе бидат соопштени после Водици.

Партијата, меѓу другото, вечерва ги избрала 472 делегати за конвенцијата за избор на кандидатите за претседател на државата.

Треба да знаете
Последни објави