Почина легендарниот бразилски играч и тренер Марио Загало на 92 години

Бразилската фудбалска легенда Марио Загало, кој е единствениот со освоени четири титули светски првак, сите со селекцијата на „кариоките“ починал на 92-годишна возраст. Првите две титули ги освои како репрезентативец на Бразил на Мундијалите во 1958 и 1962 година, а потоа како селектор на Бразил ја освои титулата во 1970 година со генерација предводена од играчи како Пеле, Жарзињо и Карлос Алберто. Последната четврта титула Загало ја освои во 1994 година на СП во САД кога беше помошник на селекторот Карлос Алберто Пареира. Во 1998 година повторно беше селектор и ги одведе „кариоките“ до финалето, но го загубија мечот за титулата од Франција со 3:0 во Париз. Тој беше првиот во историјата на фудбалот што го имаше освоено Светското првенство како играч и како селектор, достигнување што подоцна го повторија и Франц Бекенбауер и Дидие Дешамп.

Треба да знаете
Последни објави