Газдата на ПАО: Од мафијата на Бартомеу дојдовме до мафијата на Бодирога

Сопственикот на грчкиот кошаркарски евролигаш Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос на саркастичен начин го коментираше судењето на натпреварот Валенсија-ПАО. Јанакопулос е познат како некој кој со години е во војна со раководството на Евролигата. Имаше недоразбирања со претходното раководство, а сега е во „војна“ и со новото раководство. -Ќе го кажам само ова, победувале или губеле, од мафијата на Бартомеу дојдовме до мафијата на Бодирога, напиша Јанакопулос на социјалните мрежи, а пренесува грчка „Прототема“. ПАО во драматична завршница победи во Валенсија со 82:81. 

Треба да знаете
Последни објави