Чудно однесување на животните пред земјотресот во Јапонија

Научниците сè уште не докажале дека тоа е вистина, но многумина се убедени дека животните можат да почувствуваат некои природни катастрофи. Тие не се сигурни дали тоа е поради нивниот супериорен слух, сетилото за мирис или едноставно некакво чувство, но тврдат дека животните се однесуваат поинаку пред катастрофа.

Ова тврдење го поткрепува видеото кое е направено во Јапонија, а за кое се тврди дека е снимено непосредно пред земјотресот. Станува збор за неколку видеа: на едното гледаме јато врани на небото, на второто овие птици се на покривот на зграда, на третото ги гледаме како стојат на патот… Не е познато во во кои градови се снимени видеата, но очигледно тие се снимени ноќе и рано наутро. Тешко е да се утврди дали тоа било времето непосредно пред земјотресот, но факт е дека животните навистина се однесуваат чудно и не е тешко да се заклучи дека нешто се случува.

Дали, како што пишува над снимката, навистина ги предупредиле луѓето дека нешто се случува или не, можете сами да процените, но навистина се работи за однесување кое многу ретко се гледа.

Треба да знаете
Последни објави