По речиси 40 години се сретнаа главните актери на познатата урнебесна комедија

Арнолд Шварценегер објави фотографија со легендарниот Дени Де Вито, а фановите кои ги гледаа во „Близнаци“ беа воодушевени од нивното повторно обединување.

Арнолд позираше во друштво на легендарниот актер Дени Де Вито и неговата ќерка Луси Де Вито, а фотографијата многумина потсети на комедијата „Близнаци“ од 1988 година во која глумеа заедно.

”Мојот брат! Беше фантастично да се види Дени на Бродвеј во „Јас го требам тоа“. Тој, Луси и сите вклучени ја забавуваа публиката, ја насмеаа и таа уживаше во секоја минута – една од најдобрите претстави што сум ја видел, вистински спектакл“, напиша Арнолд во описот и го пофали новиот потфат на својот пријател.


По одличниот филм „Близнаци“, Арнолд и Дени веќе извесно време планираа да направат продолжение, а проектот се работеше веќе некое време, но беше одложен откако режисерот на оригиналниот филм, Иван Рајтман, почина на возраст од 75 години во февруари 2022 година.

Рајтман требаше да се врати за продолжението, во кое браќата ќе откријат дека се тројки, па новото продолжение ќе се викаше „Триплети“.

Имаше извештаи кои сугерираат дека Еди Марфи ќе се приклучи на екипата на продолжението, а неодамна Трејси Морган наводно требало да ја преземе улогата.

„Рајтман навистина сакаше да го направи тоа. Навистина сакав да го направам тоа. Дени Де Вито навистина сакаше да го направи тоа. Но, кога Рајтман почина, неговиот син реши да прекине со сè“, изјави неодамна Арнолд.

Сепак, фановите нема да бидат разочарани бидејќи Арнолд откри дека работи на нов филм со Дени.

Треба да знаете
Последни објави