Д-р Јовановска: Бебето во текот на породувањето доби скршеница на раката и нема да има траен инвалидитет

Поради повеќе плодова вода и конструкцијата на телото на мајката бебето се извртело во стомакот и било во попречна позиција, па при породување со царски рез ваквите повреди често можат да настанат, објаснува директорката на ГАК – Викторија Јовановска за бебето на семејството Дамјановски, кое вчера се роди со скршеница на раката. Во случајов, при породувањето прво излегла раката, која мора да се врати во стомакот и да се извлече бебето од нозете, а ваквиот ризик се презема како помал, бидејќи во спротивно може да настане траен хендикеп поради повреда на главата и нервниот систем, додава Јовановска.

„Се работи за втор царски рез, после две години, за мајка со малку поголем, за 42,2 боди-мастинг индекс, каде што и презентацијата на плодот е многу битна, бидејќи, кога се работи за втор царски рез, има сраслини, поограничен простор, плус позицијата на плодот е во попречна презентација и на отворање на матката, значи кога се отворала матката прво излегува рака како предводечки дел, тоа, за да може да се извади здрав, жив и за живот способен плод, кој што ќе нема секвели понатаму во животот, многу е битно во неколку секунди вие да го извадите плодот, се враќа раката, се фаќа за нога и се извлекува плодот.“

Јовановска вели дека мајката која била од ризик, порад хронични заболувања, според протокол, по операцијата била сместена на интензивна нега, па затоа и бебето не и било однесено веднаш, бидејќи новороденчиња во тој оддел не се носеле. Таа вели, дека не се криела скршеницата, туку фрактурата била внатрешна и се чекале испитувањата да се потврди скршеница, пред да се соопшти. Во моментов е состаната и комисијата која ја оформи ГАК и ја разгледува целата состојба.

„Првично, јас се состанав со комисијата, не може да се најде дека некаде е направена стручна грешка во работата на тимот, и на гинеколошкиот и на педијатрискиот тим кои што биле дежурни на 30ти.“

Целата состојба им била објаснета и на семејството Дамјановски, како и на таткото кој вчера го откри случајот, што според Јовановска ја разбрале целата ситуација. Сепак, најголемата замерка на семејството, како што таткото посочи и вчера, бил односот и меѓусебната комуникација со вработените на ГАК.

Родилката била примена на 30ти во саботата во добра состојба, според резултатите, после породувањето, и таа и бебето биле со одлични витални параметри.

Треба да знаете
Последни објави