Внук на познат хрватски актер и режисер заврши во притвор

Матија Врдољак (27), внук на Антун Врдољак, познат хрватски актер и режисер, е приведен во затворот Ремитенец, бидејќи е осомничен за обид за убиство. Инцидентот се случил на 9 декември 2023 година. Истражен судија во Загреб му одредил мерка притвор од 30 дена поради ризик од влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.

Врдољак е приведен откако граѓаните го препознале на видео снимките објавени од полицијата. Полицијата по двонеделна истрага објави фотографија од Матија Врдољак како личност која сака да го испраша во врска со конфликтот кој резултираше со обид за убиство, а потоа се јавија граѓани кои на фотографијата го препознаа внукот на режисерот.

На 9 декември 2023 година во 4.30 часот на улица во Загреб неколку лица прво вербално, а потоа и физички се пресметале. При тој конфликт постои сомнеж дека Матија Врдољак со нож му нанел убодна рана на 21-годишно момче кое завршило во болница.

Треба да знаете
Последни објави