(Видео) Околу 400 патници од запалениот јапонски авион биле евакуирани за само 90 секунди

Патниците и членовите на екипажот на јапонскиот авион „Џапан ерлајнс“ кој се запали при слетувањето биле евакуирани за само 90 секунди пред пламенот да го зафати целиот авион, соопштила противпожарната служба, а пренесува Н1, повикувајќи се на странските медиуми.

Благодарение на брзата реакција избегната е поголема трагедија на аеродромот во Токио. На видеото се гледа дека патниците и членовите на екипажот користеле воздушни лизгалки за евакуација од авионот, кои се користат во итни случаи.

Во Ербас А350-900 имало речиси 400 патници и членови на екипажот.

Треба да знаете
Последни објави