Авион се запали за време на слетување во Токио

За време на слетувањето, се запали авион на аеродром во Јапонија.

Станува збор за авион на Japan Airlines, а несреќата се случила на аеродромот Ханеда во Токио.

На снимката од телевизијата NHK се гледа како пламенот излегува од прозорците на авионот и под него. Запалена е и пистата.

Според првичните информации, во авионот имало 367 патници и сите се безбедно евакуирани.

Треба да знаете
Последни објави