Дрин Ахмети тврди дека пиротехниката е легално купена и била наменета како подарок за неговите внуци и внуки

Бизнисменот Дрин Ахмети и внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за „Скопје1“ вели дека пиротехниката најдена во неговиот автомобил била легално купена.

Тој смета дека не сторил кривично дело и најавува правна битка.

„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци“, вели Дрин Ахмети за „Скопје1.

Треба да знаете
Последни објави